Кога луѓето што имаат дијабетес или преддијабетес конзумираат одеднаш премногу јаглени хидрати нивното ниво на шеќер во крвта може да порасне до опасно високи вредности. Со време високото ниво ги оштетува нервите и крвните садови, а тоа води кон проблеми со срцето и со бубрезите, но и кон други сериозни здравствени проблеми.
Ако особата е во состојба да си овозможи низок внес на јаглени хидрати тоа ќе го спречи покачувањето на шеќерот во крвта и ќе го намали ризикот од компликации поврзани со дијабетот. Затоа е важно да се избегнува храната што ќе ја наброиме:
- Бел леб, бели теста и бел ориз
- Тие имаат големи количини на јаглени хидрати, а малку растителни влакна. Како алтернатива може да се јадат умерени количини на продукти направени од брашно од нелупени зрна. Исто може да се јаде умерена количина на нелупен интегрален ориз.
- Храна што содржи незаситени масти.
- Нивниот штетен ефект е индиректен. Ги има во маргаринот, во фабрички направениот мајонез, во млекото во прав што се додава во кафето и во готовата храна спремна за подгревање. Во некои земји додавањето на вакви масти е забрането со закон.
- Слатки пијалоци
- Тие содржат многу јаглени хидрати што го зголемува нивото на шеќер во крвта. Содржат високо ниво на фруктоза што води кон зголемен ризик за дебелеење, замастен црн дроб и други болести. Овие пијалоци се најлошиот избор за луѓето со дијабетес. Тие треба да избегнуваат индустриски подготвени слатки пијалоци од шише или од конзерва и картонско пакување. Наместо нив треба да пијат обична или минерална вода, сода вода без додадени вкусови, топол или ладен чај од билки без додавање шеќер.
- Фабрички пакуван обезмастен овошен јогурт
- Подобра комбинација е обичниот јогурт или киселото млеко каде сами ќе додадете мала количина на овошје или овошје што содржи малку шеќери.
- Житарки за појадок што содржат шеќер
- Луѓето со дијабетес треба да одберат појадок со протеини и мала количина на јаглени хидрати.
- Кафиња со фабрички додадени вкусови
- Здрава опција е кафе без додаден шеќер.
- Мед, сируп од агава, јаворов сируп и кафеав шеќер
- Сите овие имаат влијание на шеќерот во крвта и на инсулинот
- Суво овошје
- Тоа содржи повеќе шеќер од свезото овошје. Наместо суво овошје подобар избор е свежо овошје што не содржи високи количини на шеќер.
- Пакувани ужинки за грицкање
- Тие се преработена храна направена од рафинирани брашна што брзо го зголемуваат шеќерот во крвта.
- Пакувани овошни сокови
- Тие содржат високи количини на јаглени хидрати како и другите пакувани слатки пијалоци.
- Пржени компирчиња
- Компирите сами по себе содржат јаглени хидрати. Со пржење во нездрави масла се зголемува ризикот од болести на срцето и рак.
