Skip to the content
- Кога се јавува глаукомот?
- Иако е почест кај луѓе над 45 години може да се јави во било која возраст.
- Дали можам сам/сама да си дијагностицирам глауком?
- Не. Дијагнозата ја поставува офталмолог по направена одредена процедура за дијагностицирање.
- Дали сум крив/крива што имам глауком?
- Не. Глаукомот едноставно се случува, некогаш подпомогнат од генетското оптоварување. Но може да се појави по внатрешно воспаление на окото, по операција на окото или по повреда на окото.
- Дали ќе ослепам?
- Можно е и тоа. Ризикот да се изгуби видот на едното или на двете очи се намалува ако редовно се употребуваат капки за намалување на очниот притисок и ако редовно се оди кај офталмолог. Колку и да е напорно секојдневното капење во окото имајте на ум дека така го чувате својот вид од понатамошно пропаѓање. Ако не се придржувате до содветно назначеното лекување ќе ја загубите возачката дозвола, ќе бидете изложени кон паѓање во текот на движењето, ќе го изгубите видот и сопствената самостојност.
- Како се лекува глаукомот?
- Најчесто се употребуваат капки што го намалуваат зголемениот очен притисок. Ако тоа не е доволно се пристапува кон ласерска терапија, се изведуваат класични оперативни методи, а во најново време се пристапува кон минимално инвазивни операции. Кај нив сечењето е минимално, нема шавови и шиење.
- Што треба да променам во моето секојдневно живеење?
- Треба да бидете самодисциплинирани и да ја употребувате терапијата точно како што ви е одредена.
- Почнете да се движите и да вежбате онолку колку ви дозволуваат телесните можности.
- Спијте 6-8 часа дневно и одбегнувајте непотребен стрес.
- Контролирајте го крвниот притисок и гликозата во крвта кога е потребно.
- Хранете се правилно. Сето ова навидум изгледа сложено, но не е кога ќе помислите дека на тој начин го чувате видот и вашето општо здравје.
- Кои вредности на очниот притисок се нормални?
- Најчесто тоа е од 10 mmHg до 21 mmHg. Но тој може да биде нешто понизок или повисок, а тоа да не се одрази негативно на видот.
- Дали во нашата Држава се лекува глауком?
- Да и во државните и во приватните институции. Нашите аптеки се снабдени со лекови против зголемен очен притисок, а во специјализираните болници се изведува соодветно хируршко лекување.