Називот на здружението е Здружение за борба против глауком и дијабетска ретинопатија МУГРА 2018 Скопје
Скратениот назив на здружението е Здружение МУГРА 2018 Скопје
Името на здружението на англиски јазик е GDR Association MUGRA 2018 Skopje
Седиштето на здружението е во Скопје, улица ‘Орце Николов’ 190, а делува на територијата на општина ‘Карпош’, град Скопје, државата и останатите земји.
Електронската адреса на здружението е vasilkaandreevska@gmail.com
Целите на здружението се:
Запознавање на повеќе категории на население со глауком и дијабетска ретинопатија и поткачување на свеста на населението во врска со последиците на овие две болести.
Запознавање на населението со можностите на лекување на овие две болести.
Едукација на лекарите од општа практика и другиот медицински персонал во врска со новините во лекувањето на овие две состојби и со пристапот кон пациентите што ги имаат.
Постојана доедукација на членовите на самото здружение со новините во лекувањето и третманот на овие две состојби и на самите пациенти на државно, балканско, европско и светско ниво.
Поткренување на свеста на надлежните државни органи во врска со глауком и дијабетска ретинопатија и нивно запознавање со потребите на пациентите што страдаат од овие болести.
Соработка со офталмолози и офталмолошки здруженија од Државата и многу пошироко со цел унапредување на пристапот за лекување.
Соработка со сите останати здруженија во земјата и пошироко што имаат интерес за соработка со ова здружение.
Програма на здружението
Визијата на здружението Мугра 2018 Скопје е да бидат ставени под контрола состојбите глауком и дијабетска ретинопатија.
Мисијата на Здружението е да му посвети внимание на населението за да не дојде до појава на последици од глауком и дијабетска ретинопатија.
Стратешките цели на здружението е да делува со сите сили кон едукација на населението во врска со овие две состојби и при тоа да употреби сопствени сили, но и да има помош од други релевантни субјекти и институции од земјата и странство.
